Народната банка денеска ги објави позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците за јуни 2024 година.
Како што се наведува во соопштението од НБ, годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,48 п.п., при што во јуни таа изнесува 1,88 отсто.
Во јуни 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,47 отсто и забележа месечен пад од 0,02 п.п., при годишно зголемување од 0,35 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити е зголемена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,48 п.п., соодветно и изнесува 1,88 отсто.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јуни, изнесува 5,08 отсто и забележа месечно и годишно намалување од 0,11 п.п. и 0,18 п.п., соодветно.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити е повисока за 0,16 п.п. на месечно ниво и изнесува 2,52 отсто, при годишен пад од 0,18 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен раст од 0,35 п.п. и изнесува 5,47 отсто.
Кај каматни стапки на корпоративниот сектор се наведува дека во јуни 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, изнесува 5,26 отсто и на месечна основа е намалена за 0,05 п.п. Притоа, надолната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п., соодветно). На годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,40 п.п.
Овој месец, каматната стапка на новоодобрените кредити на
корпоративниот сектор е намалена за 0,21 п.п. на месечно ниво и изнесува
4,95 отсто. Анализирано по валута, месечниот пад е резултат на
намалените каматни стапки на денарските кредити со и без валутна
клаузула (за 0,99 п.п. и 0,25 п.п., соодветно), во услови на раст на
каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,95 п.п.).
Анализирано на
годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,31 п.п.
Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните депозити на
корпоративниот сектор е зголемена за 0,04 п.п. во споредба со
претходниот месец и изнесува 2,25 отсто. Нагорната промена во целост се
должи на растот на каматните стапки на депозитите во странска валута (за
0,11 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити без и со
валутна клаузула се непроменети. Анализирано на годишна основа,
каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор бележи раст од 0,26 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот
сектор, овој месец изнесува 2,39 отсто и бележи месечен раст од 0,01
п.п. Притоа, промената во целост е резултат на растот на каматните
стапки на депозитите во странска валута (за 0,15 п.п.). Во јуни, кај
банките и штедилниците не се евидентирани новопримени депозити со
валутна клаузула, додека каматните стапки на денарските депозити без
валутна клаузула забележаа пад (за 0,11 п.п.). Во споредба со јуни
претходната година, оваа каматна стапка е зголемена за 0,28 п.п.
Во однос на каматни стапки на домаќинствата, се посочува дека во јуни, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,66 отсто и бележи месечен раст од 0,01 п.п. Притоа, растот произлегува од зголемените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.), во услови кога каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула се непроменети, а каматните стапки на кредитите во странска валута бележат пад (за 0,01 п.п.). Годишниот раст на каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 0,31 п.п.
Овој месец, како што стои во соопштението на НБ, кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е забележан месечен раст од 0,03 п.п. и изнесува 5,29 отсто. Промената во целост се должи на растот на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,09 п.п.), додека кај каматните стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити со валутна клаузула е забележан пад (за 0,21 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка е повисока за 0,02 п.п.
Во јуни 2024 година, каматната стапка на вкупните депозити на
домаќинствата, изнесува 1,84 отсто и бележи месечно зголемување од 0,03
п.п. Анализирано по валута, промената произлегува од растот на каматните
стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити без
валутна клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), во услови на пад
на каматните стапки на денарските депозити со валутна
клаузула (за 0,06 п.п.). Годишниот раст на каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,50 п.п.